Како да работите со weebly.com
(основно упатство)
Како да го креирате и како да работите со вашиот нов сајт на students.weebly.com
Наставничката ќе ви обезбеди корисничко име и лозинка. Тие се вашиот влез во weebly.com
Како помош, еве пример за нова страница со вежби, зашто ми се чини дека вежбите во вид на контролна задача (различни видови прашања, понудени одговори и сл.) некако се најнејасни. Да напоменам: ова се вежби, а не контролни задачи. Нема опција за вреднување на одговорот, туку само дали е задолжителен или не.
За да ги видите резултатите од испратените вежби, одете на страната, кликнете на насловот на вежбата (над прашањата) и сѐ останато ќе се затемни, освен самата вежба, а над вежбата, ќе се појават 3 можности:
ВАЖНО:
И, еве еден пример за разработена веб-страница на weebly.com. Посветена е на предметот македонски јазик. (притисни ТУКА)
Толку од мене. Експериментирајте малку или прашајте ако ви треба помош и....
ВИ ПОСАКУВАМ ПРИЈАТНА ЗАБАВА :))))
Наставничката ќе ви обезбеди корисничко име и лозинка. Тие се вашиот влез во weebly.com
- Откако ќе се најавите со своето корисничко име и лозинка (username) и лознка (password), креирајте ја првата/насловната страница. За да додате слика, текст, наслов и сл. одберете од менито лево со влечење поставетете ги каде што сакате. Таму каде што сте ја ставиле одбраната икона, ќе се појави квадрат. Во него ќе може да ги ставите сликите, текстот итн.
- Во менито, вертикално лево на страницата има:
- BUILD (елементи коишто можете да ги поставите на актуелната страница)
- Basic (основни - овие се потребни за да се стават наслови, колони, текст, слика и сл.)
- Structure - копчиња и одвојувачи на текст
- Media (мултимедијални - само дел се достапни за бесплатно користење)
- Commerce (ова нема употреба во наставата, зашто не продаваме ништо)
- More
- 3. Најгоре во хоризонтален ред дадени се неколку копчиња:
- Design (дизајн на страницата, може да си одберете од многу понудени готови дизајни.
- Favorites (омилени или дизјни што веќе сте ги користеле)
- Design options (за да си поставите свои параметри во врска со насловите, линковите, фонтот и сл.)
- All Themes (сите готови дизајни на страници)
- Pages (создавање нови и едитирање на постоечките страници на вашиот сајт, промена на редоследот и сл.; создавање на блог-страници и сл.)
- Editors (ако планирате уште некому да му дозволите да биде администратор на вашиот сајт, да креира, става, проверува итн.)
- Settings (преференците за сајтот коишто ги избирате од понудените; поголемиот дел се достапни за бесплатно користење)
Како помош, еве пример за нова страница со вежби, зашто ми се чини дека вежбите во вид на контролна задача (различни видови прашања, понудени одговори и сл.) некако се најнејасни. Да напоменам: ова се вежби, а не контролни задачи. Нема опција за вреднување на одговорот, туку само дали е задолжителен или не.
- Кога сакам да ставам вежби, ќе отворам нова страница и ќе ја именувам.
- Потоа од менито: Elements ќе одберам More, па Forms.
- Во Forms отпрвин си играв, па открив дека за вежбите што сакав јас да ги направам, најлесно e да одберам Survey (анкета). Е тука имаше малку мозгање, зашто за бесплатно користење, се дозволуваат најмногу 5 точки. Затоа сите вежби што ги имам ставено се со по 5 точки, те. податоци за ученикот + 4 задачи.
- Инаку, за да се сместат точките во вежбата, треба само со drag & drop (со влечење) да се постават видовите прашања, а кога ќе се селектираат, се појавува дијалог со податоци (прашањето, понудените одговори и сл.).
- Кога ќе кликнете на целата форма (на пр. на насловот), повторно се појавува дијалог со којшто уредувате каде да стои копчето „испрати“, на која е-маил адреса да се испратат одговорите и сл.
- Најпосле, најважно е да кликнете на копчето Publish, зашто само тогаш страната ќе им изгледа како што сте ја направиле и на вашите посетители.
За да ги видите резултатите од испратените вежби, одете на страната, кликнете на насловот на вежбата (над прашањата) и сѐ останато ќе се затемни, освен самата вежба, а над вежбата, ќе се појават 3 можности:
- Form options каде што го уредувате насловот, на која емаил адреса да бидат испраќани анкетите и сл.;
- View Entries за да ги видите стасаните резултати во табела. Ова е анкета, и не е предвидено бодирање (оценување);
- Close за да го затворите уредувањето.
- Со кликнување каде било надвор од вежбата/анкетата, повторно ја гледате целата страница.
ВАЖНО:
- Страницата нема да биде активна сѐ додека не стиснете PUBLISH, во горниот десен агол!
- Кога за првпат ќе стиснеш на PUBLISH, ќе се отвори прозорче прашувајќи „За што ќе ја користиш оваа страница?“ (What will this site be used for?). Кликни на листата и одбери PORTFOLIO.